Бројот на жртвите од пожарот во ноќниот клуб во Букурешт достигна 50 лица

0
5237

Бројот на жртвите од пожарот во букурешкиот ноќен клуб „Колектив“, што се случи на 30 октомври, веќе нарасна на 50 лица, информира денеска весникот „Романија либера“, пишува МИА.

Утринава починало и настрадано лице кое беше префрлено за лекување во Велика Британија.

Повеќето пациенти, кои починаа во последните неколку дена, имале компликации како резултат на здобиените изгореници.

Според професор Јоан Ласкер од болницата за итна помош „Флореска“, по петтиот ден настапува најтешкиот период за пациентите во критична состојба.

Агенцијата ТАСС соопшти дека во болница во Ливерпул синоќа починал уште еден од настраданите во пожарот, кој имал изгореници на 60 проценти од телото.

Неколку држави, меѓу кои Холандија, Норвешка, Швајцарија, Австрија, Белгија, Германија и Израел, одговорија на молбата на романските власти и се согласија во нивните болници да прифатат настрадани од пожарот во Букурешт. Во овие држави беа транспортирани 35 настрадани, а некои не го издржаа патувањето, додека други починаа во локалните болници.

Без коментари

LEAVE A REPLY