Бројот на жртвите од земјотресот во Мексико се зголеми на 282

0
70

Властите на Мексико ја демантираа информацијата дека има живо девојче под урнатините на училиштето, што се урна од катастрофалниот земјотрес во вторникот.

Сигурни сме дека сите деца од училиштето или се спасени или се загинати, или се в болница, изјавија властите во Мексико.

Најмногу жртви има во главниот град 137, 73 загинаа во државата Морелос, 43 во Пуебла и 13 во државата Мексико.