Бројот на жртвите во бродоломот во Егејот се искачи на 39

0
307

Најмалку 39 имигранти, меѓу кои пет деца, се удавиле во саботата во најновиот бродолом во Егејското Море, кога потонал чамецот со кој се обидувале да стасаат до грчкиот брег.

Претходните извештаи од саботата говореа за десет жртви и 43 спасени. Меѓутоа, подоцна дополнителни е утврдено дека бројот на настраданите е далеку поголем.

Притоа спасени се вкупно 75 лица, пренесува агенцијата Anadolu повикувајќи се на турската крајбрежна стража, која извести дека во врска со несреќата е уапсен еден турски државјанин кој е осомничен дека го организирал опасното патување.

Мигрантите од Сирија, Авганистан и Мјанмар се обидувале по разбранувано море од турската егејска покраина Чанаккале да стасаат до неколку километри оддалечениот грчки остров Лезбос.

Саботната трагедија е најновата во низата бродоломи коишто последните денови се одиграа во Егејското Море, каде што во четвртокот во близина на грчкиот остров Самос се удавија 24 имигранти. Од почетокот на 2016 година вкупно во овие води животите ги загубија повеќе од 800 луѓе./крај/мф/сн