Бројот на жртвите во Истанбул се искачи на 43

0
400

Жртвите на терористичкиот акт, извршен на аеродромот во Истанбул, станаа 43. Идентификувани од нив досега се 39.

Ова го пренесе сајтот на телевизија Haber 7, кој се повикува на извори од локалниот одел за судска медицина, пишува ТАСС.

Меѓу загинатите има еден државјанин на Украина и еден на Иран.

Претходно официјално беше соопштено за 36 жртви на нападот на терористите. Ранети се 147 лица.

Според податоците на саудискиот печат, меѓу повредените се седум државјани на Саудиска Арабија. Има и повреден руски државјанин.

Според информациите на турските власти зад терористичкиот акт стои терористичката група „Исламска држава“.