Бројот загинати на аеромитингот во Англија веројатно се зголемил на 11

0
185

Бројот на жртвите „со голема веројатност“ достигна 11, соопшти во неделата полицијата на англиската грофовија Западен Сасекс, која продолжува со пребарувањето на местото на коешто во саботата се урна ловецот бомбардерот од типот „Hawker Hunter“ на аеромитингот „Shoreham Airshow“ во Шорхем.
„Досега идентификуваме 11 луѓе за коишто мислиме дека многу веројатно загинале во таа трагедија“, изјави претставникот на полицијата на Западен Сасекс, Стив Бари. Предупреди дека конечниот биланс би можел да биде и потежок

Претходно службата за брза помош на Југоисточниот брег на Англија потврди дека има седум жртви, а повредени со различен степен биле 15 луѓе. Меѓу нив е и пилотот, службеник на британската воздухопловна компанијата „British Airways“, кој е хоспитализиран во критична состојба.

Во саботата се урнал додека се обидувал да ја изведе акробацијата наречена „мртва јамка“ во близина на пистата зафаќајќи најмалку четири автомобили на автопатот А27. Автопатот се наоѓа северно од аеродромот на британската кралска авијација РАФ во градот Шорхем-бај-Си.

Сведоци на падот на овој британски ловец бомбардер од типот „Hawker Hunter“, бил во употреба во 1950-те и 1960-те години, биле околу 20 илјади луѓе присутни на аеромитингот./крај/мф/сн