Бројот загинати во земјотресот во Италија се искачи на 294

0
277

Бројот на загинатите во земјотресот кој во средата на 24-ти август ја погоди централна Италија достигна 294 луѓе, додека повредени се 688 лица, од кои многу се во критична состојба, пренесе агенцијата Ansa наведувајќи ја службата за цивилна заштита.
Најмногу жртви има во Аматриче, место кое и најмногу настрадано во стихијата, покрај двете други места Арквата и Пескара дел Тронто, кои исто така се значително оштетени. Околу 2.500 луѓе кои останаа без покриви над главата, уште една ноќ минуваат во 42 шаторски кампови.

Според бројот на жртвите и димензиите на разорувањата овој земјотрес се споредува со оној од април 2009 година кога целосно беше урнато местото Аквила во областа Абруцо и кога загинаа 300 луѓе./крај/мф/сн