Бројот жртви во експлозијата во ресторан во Индија се искачи на 104 луѓе

0
212

Најмалку 104 луѓе загинале а шеесетина се ранети во експлозијата на уредот за гас во кујната на ресторанот во индискиот град Петлавад, откако огнот зафатил експлозивен материјал во соседниот објект, соопшти полицијата во најновиот извештај за несреќата.

Првите информации во саботата утрото за експлозијата во посетуваниот ресторан „Сетија“ во Пелтлавад, областа Џабуа во сојузната држава Мадја Прадеш во централна Индија, говореа за 20 жртви, но податоците брзо растеа кога спасувачите започнаа од урнатините да ги извлекуваат телата на загинатите. Станува збор за индустриска катастрофа со најмногу мртви во поновата историја во Индија.

„Засега имаме потврда за 104 смртно настрадани лица“, изјавил за медиумите полициски функционер во областа Џабуа. „Според информациите со коишто располагам, повредени се 60 лица, меѓутоа бројките може да растат“, додал.

Претходно началникот на медицинската служба во Џабуа, Арун Кумар Шарма, изјави дека бројот на повредените „се искачил на стотина, а меѓу нив дваесетина се во критична состојба“.

Уредот за гас во кујната на ресторанот експлодирал за време на појадокот во Петлавад, околу 800 километри јужно од индиската престолнина Њу Делхи, изјави за AFP инспекторот Б/Л/ Гаур. Според него, во близина на ресторанот биле складираните експлозивни штапини кои се користат во градежништвото и тој објект е разурнат./крај/мф/сн