Бројот жртви во железничката несреќа во Италија се искачи на 27

0
294

Бројот на жртвите во директниот судир на два патнички воза во вторникот на југот од Италија достигна 27 жртви, објавија тамошните медиуми ноќта кон средата, повикувајќи се на извори во раководството на операцијата за потрага и спасување на местото на железничката несреќа.
Претходно во вторникот вечерта беше објавено за 25 загинати, и повеќе од 50 повредени, од кои неколкумина во критична состојба.

„Бројот на жртвите достигна 27 луѓе, откако спасувачите успеаја да разделат неколку пластови извиткан метал и притоа откриле две мртви тела“, објави телевизиската станица RaiNews 24.

Двата патнички воза со голема брзина се судриле фронтално во јужниот италијански регион Апулија, во близина на градот Андрија, меѓу 11 и 11.30 часот во вторникот. Двете композиции биле составени од по четири вагони, а три биле сосема уништени.

Операцијата за потрага и спасување на местото на трагедијата траеше и ноќта кон средата. Засега не е соопштена причината за хаваријата, но се претпоставува дека станува збор за човечка грешка, бидејќи двата воза истовремено се нашле на еден ист колосек./крај/мф/сн