Бронзата за Франција, Србија остана без медал

0
266

Во мечот за третото место на Евробаскетот, домашната Франција успеа да ја совлада Србија со 81:68 и да ги „залечи раните„ по поразот во полуфиналето од Шпанија. Момците на Коле одиграа многу подобро во одбраната и ја лимитираа шутерската селекција на Ѓорѓевиќ на многу грешки и малку поени. Водени од Де Коло во 18 минута, домашните кошаркари брзо дојдоа до комотни +8. Вториот дел мина во знакот на целосно безуспешно обидување на Србите да се вратат во мечот, но ниту нивниот лидер Милош Теодосиќ немаше свое попладне. Центарот Гоберт ги дотолчи во четвртиот период и не дозволи да има драма. Франција им врати на нашите северни соседи за поразот во полуфиналето во Мадрид минатата година, на светското првенство, каде Србија беше сребрена, а Франција остана без медал.

 

Франција – Србија 81:68 (16:16, 21:16, 21:12, 23:24)

Де Коло 20, Гоберт 15, Фурние 15 (Франција) – Богдановиќ 14, Бјелица 12 (Србија)