Брусник Лим со најсовремена опрема во нов проширен простор

0
621

Фабриката Брусник лимарија, која во Македонија постои повеќе од 45 години, од 2015 година е во нов проширен простор кој беше промовиран пред многубројните нивни соработници и пријатели.
Во фабриката се најсовремените машини за профилирање на лимот а она што е најново на пазарот а постои токму во оваа фабрика, е трапезниот лим со двојно оребрување, како и трапезниот лим во вид на герамида, бесконечните олуци, одводи и машински колена од америчките фабрики за производство на машини НИМ и Либерти САД.
Долгогодишното искуство на ова поле го надополнуваат со партнерството со Камаридис сендвич панел, од Грција а понудата е збогатена со сите видови на челични профили и цевки.
Основани се во 1969 год. како мал лимарски дуќан во старата Битолска чаршија со основна дејност производство на олуци и бории за домаќинствата,а во 2002 год. прераснува во современа фабрика за производство на трапезен лим,а денес е најсовремена фабрика за изработка и монтажа на градежен лим.
Брусник лим произведува трапезен лим, рамен пластифициран лим, поцинкован лим, лим герамида, бесконечни олуци, снегобрани од поцинкована лента,
снегобрани од пластифициран лим,а извршуваат и
машинско ребровање на лим и апкановање до 8 м.
Вршат покривање на кровни конструкции и опшивање на фасади.Монтажата е брза и едноставна што значително ја намалува нвестицијата за градба.
Голем е изборот на бои на лим од рал карта.
Фабриката е опремена со најсовремена опрема за производство на профилиран лим, како и додатоци за кровни лимени конструкции кои дополнително го подобруваат квалитетот на кровот.
Нивната екипираност овозможува брза и ефикасна монтажа на кровната конструкција.
Фабриката Брусник поседува ISO 9001 сертификат за квалитетот на производите и материјалите кои се користат во изработка на кровните конструкции.

Без коментари

LEAVE A REPLY