Брутално убиен градоначалникот на Мускрон

0
424

Градоначалникот на белгискиот град Мускрон беше пронајден мртов на гробиштата во градот.

Телото на Алфред Гаден (71) беше пронајдено со пресечен врат, а го пронајде неговата сопруга на гробиштата кои градоначалникот секој ден ги отварал и затварал.

Смртта на конзервативниот градоначалник ја шокираше земјата, а локалните медиуми пренесоа дека осомничениот самиот се предал и дал признание, додека мотивот сѐ уште не е објавен.