Брз воз се судри со автобус

0
747

Брз воз во Швајцарија се судри со автобус при што се повредени најмалку 17 лица, јави во саботата локаната полиција.

До сударот меѓу ткн ICE воз и автобусот дошло на железничкиот премин во Интерлакен, околу 40 километри од главниот град Берн.

Сите повредени се пренесени во болниците, меѓутоа досега нема информации за тежината на нивните поведи, објави кантоналната полиција.

Спасувачките тимови и работниците претпладнето го расчистија местото на несреќата.

Швајцарската железница објави дека никој од персоналот на возот ниту од патниците во возот не бил повреден во несреќата којашто се случила во петокот доцна ноќта./крај/мф/сн