Брзиот раст кај децата и неправилното држење причина за појава на сколиоза

0
2310

Едното рамо е повисоко од другото,нееднаков струк, едниот колк е повисок од другиот, наведнатост кон едната страна.Ребрата се испакнати на едната страна од градниот кош, на рендгенска снимка има забележително искривување на ’рбетниот столб, ова се само дел од симптомите на сколиоза која предизвикува искривување на рбетниот столб. Лекарите велат дека сколиозата може да се јаве од најмала возраст од 5,6,7 години каде што многу тешко се лекува, иако брзо се дијагностицирала. Во 80 отсто од случаите на сколиоза, не била познато која е причината што предизвикува искривување на ’рбетот, и таа за прв пат најчесто се забележувувала кај децата во ран пубертет и тоа некаде на околу 10 до 15 годишна возраст.

niko jankov

Сите девијации на кичмата се јавуваат во текот на пубертетот односно во времето на интензивното растење. Сега на овие поместени вредности со начинот на живеење и исхраната се се поремети. Она физиолошкото кое што треба да го држе мускулатурата сега неможе , и почнува искривувањето. Другите искривувања настануваат поради побрзото растење. Кај децата кај секое има зони на раст кај ребрата и ако се случи левото побрзо да израсте од другото тогаш се искривува е тогаш треба да делуваме“, изјави прим д-р Нико Јанков специјалист ортопед.

Статистички оваа болест е застапена и кај девојчината и кај момчињата вели Јанков и додава дека недоволната физичка активност, неправилното држење на телото се само дел од факторите што доведуваат до искривување на ’рбетниот столб кај децата во ран пубертет .

karas-534

Застапеноста на искривувањето е подеднаква и кај момчињата и кај девојчината не може генерално да се земе кој кој е степенот на искривување поголем. Погрешно е толкувањето дека ранците се прчина за искривување, бидејќи сите деца имаат различен степен на раст, некој побрзо расте некој побавно, а тежината на ранците е кај сите иста. Едното дете ако е посилно кај него помалку може да се јави искривување. Меѓутоа главен фактор не се ранците. Повеќе е лошото држење. Порано во дрвени клупи седевме и бевме исправени, се е дополнителен фактор седењето пред компјутер, слабите физички вежби итн“, изјави прим д-р Нико Јанков специјалист ортопед.

Spinal-curvatures-440x250

Но колку сколиозата може да се излече со корсетите ?

Луѓето погрешно мислат дека ќе го ставиме апаратчето и ќе го решиме проблемот . Најважниот момент е перманентни вежби. Корсетите се само да го потсетат детето дека треба да се исправи. Тоа не лекува . Ако не ги прави вежбите редовно од апаратчетио нема да има ефект“, рече Јанков

Повеќето од децата имаат благо искривување, помало од 20 степени, вели Јанков и додава дека е потребно е често да се оди на контрола и да се прават рендгенски снимки за да се следи степенот на искривување. Децата што се’ уште растат треба да одат на контрола на секои 4-6 месеци, за да се види дали има промени.