„BT-TOXIC“- Детоксикација на јавната свест на битолчани

0
397

Промоцијата на документарниот филм „BT – TOXIC“, на здружението „За нас се работи“, вчера, во клубот „Позитив“ во Битола, ги заокружи активностите насловени „Информирај се, едуцирај се, активирај се“, кои се дел од проектот „Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина“.

946143_1685690608374591_2105415647110795714_n

„Наша цел во фимот беше никој никого да не напаѓа. Секој од свој аспект да го каже она што го знае за проблемот. Во филмот видовме многу различни изјави и видувања. Нема да кажеме кое видување е правилно, а кое е неправилно. Секој кој смета дека треба да се вклучи во проблемот и да делува на ова поле, а и на другите полиња, вклучувајќи го ова како најважно, добро е сам да  истражи и  да види кому, од овие 7/8 души, ќе му верува, во смисла на она што го зборуваат фактите“, изјави  Душко Груевски, член на здружението „За нас се работи“.