Будење на пролетта ги насмеа битолчани во Интимен театар

0
499

Будење на пролетта“, е насловот на најновата претстава во „Интимен театар“. Истата е во режија на Софија Ристевска која за прв пат се појавува на сцена како актер.

Се работи за претстава по текст на Франк Ведекинд и документарни материјали на актерскиот и креативниот тим.Текстови пишувани ова лето.

Темите се од секојдневниот живот. Се разработува етикетирањето на жената во општеството во кое живееме односно, колку многу и колку често се ставаат етикети врз жената. Покрај Софија во новата претстава, играат и актерот Здравко Стојмиров и Стефанија Милевска.

Во финалето на претствата се појавува и 14 годишната Елена Ставревска.

Драматургијата во Будење на пролетта е на Билјана Крајчевска која за претставата вели- исклучително е тешко некому да му го раскажеш сопствениот живот а камоли од тоа да направиш сопствена филозофија и тоа исклучителна забава.Овие луѓе што ги гледаме и ѓе ги гледаме уште на сцената ја поседуваат таа моќ за сите нас и нашите приказни во нив.

Кореографијата е на Кире Миладиноски, стилист на фотосесија Андреј Папаз Ѓоргиевски.

Интимниот театар за прв пат поставува комедија на сцена после Љубовницата во 2011 година.Уште една изведба на Будење на пролетта е на 30ти декември од 21 часот.