Будење собра 1392 потписи

0
2734

– Бараме Советот на Општина по своја иницијатива да донесе одлука за распишување на референдум на територијата на Општина Битола. Досега се собрани во два дена 1392 потписи и тие потписи ние сега ќе ги поднесиме до градоначалникот на општина Битола и до Советот со тоа што ќе ги известиме координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на СДСМ дека се поднесени собраните граѓански потписи за иниијативата која ние ја бараме. Граѓаните се доволно свесни и се одѕваа на повикот да си го заштитат градот и својата држава и ние ќе продолжиме да собираме потписи така што од овој момент се собрани над 2000 потписи а бидејќи интересот е доста голем ние ќе поставиме уште едно собирно место во Новиот Пазар каде што потписите ќе ги собираме и во наредните денови во периодотот од 11 доп 21 часот , изјави Христо Грујоски граѓанска иницијатива Будење

Инаку иницијативата за собирање потписи започна пред два дена и е против прифаќање на стратегијата на мигранти.

Без коментари