Буџет за раст или за нови иселувања?

0
254

Пратениците  расправаа за најголемиот буџет во историјата на Македонија, а седницата ќе продолжи и денеска. Предвидено е државните институции догодина да потрошат 3,18 милијарди евра. Според планираното, од даноци и други давачки треба да се соберат 2,87 милиони евра, другите 300 милиони евра да се обезбедат од задолжување. Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти. Власта вели дека го намалува буџетскиот дефицитот на 3,2 отсто од БДП, а обезбедува пари за капитални инвестиции и за грижа за социјално ранливи категории. Опозицијата критикува дека буџетот е нереален и неразвоен и дека огромните задолжувања ќе ги плаќаат идните генерации.

Образложувајќи го предложениот буџет, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рече дека економијата расте, задолженоста се одржува на умерено ниво, се одржува стабилност на цените, се задржува стабилноста на банкарскиот сектор, се намалува невработеноста, расте извозот и растат инвестициите, а се очекува и поголем раст на економијата во ЕУ. Со тоа, рече Ставрески, се исполнети претпоставките за буџетот за идната година.

Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ рече дека нема да го поддржат предложениот буџет, оценувајќи го како расипнички, недомаќински, нереален, неразвоен, буџет за, како што рече, тажна сегашност и уништена иднина, и за нови долгови и ново иселување.

„Ќе направиме, ќе изградиме, ќе дотераме, ќе покачиме, ќе оствариме од тоа ЌЕ кога ќе подвлечете црна имаме најсиромашна земја во Европа, имате најсиромашни граѓани,имате животен стандард како во Африка“, речe Николов.