Буфон: Нека продолжи постот на Пандев

0
460

Капитенот на италијанската репрезентација, Џиџи Буфон вели дека има почит за Македонија и Горан Пандев, па смета дека само со максимален ангажман можат да ги освојат трите бода од Скопје.

Капитенот на Италија има почит за македонската репрезентација и знае дека капацитетот на селекцијата е поголем од резултатите кои ги остварува.
Буфон има примено шест гола од Горан Пандев кој нема квалификациски погодок за Македонија веќе осум години. Голманот се надева дека тој пост ќе продолжи барем за уште еден меч.
„Многу добро го знаеме Пандев, заеме дека долго време не постигнал гол за репрезентацијата во квалификациски меч, нека продолжи неговиот пост барам. Македонија има добри индивидуалци и со малку среќа можат да направат позитивен резултат во секое време“ – вели Буфон.
„Ги анализиравме нивните последни два натпревари и јасно е дека загубија незаслужено. Мораме да одиграме максимално фокусирано и да ги исполниме задачите на селекторот за да победиме“.
И селекторот на Вентура повикува на претпазливост против Македонија, знае дека неговите фудбалери треба да се испотат за да дојдат до трите бода.
„Против Шпанија не одигравме на највисоко ниво. Имавме грешки од кои треба да извлечеме поука. Продолжуваме понатаму, треба да победуваме и да напредуваме. Македонија е сериозен противник, ги анализиравме нивните натпревари и не смееме предвреме да ги запишеме бодовите“ – вели Вентура.

Без коментари

LEAVE A REPLY