Бугарија и Грција ќе градат нова железничка линија од Солун до Русе

0
298

Бугарија и Грција денеска ќе потпишаат Меморандум за разбирање за развојот на железничката врска Солун-Кавала-Александрополис-Бургас-Варна-Русе. Бугарската делегација ја предводи премиерот Бојко Борисов, кој вчера имаше официјална вечера со својот колега Алексис Ципрас. Двајцата разговарале за кризата со мигранти и за идејата за гасен центар.

Документот, кој ќе биде потпишан од двете земји, ја регулира подготвителната работа и заедничкото управување со коридорот од двете страни.

Се предвидува дека брзинскиот железнички коридор ќе ја поврзе реката Дунав со Егејското и Црното Море, како и развојот на пристаништата. Ќе биде готов за околу 10 години и за изградбата ќе чини 1,7 милијарди лева.

Ќе се изгради двојна електрифицирана железничка линија со систем за управување со железничкиот сообраќај.

Се очекува дека меморандумот ќе го потпишат министрите за транспорт Ивајло Московски и Христос Спирдис.

Без коментари