Бугарија испраќа оклопни возила на границата со Македонија

0
272

На четирите премини со Македонија, Бугарија испраќа оклопни возила со цел да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив на бегалци, соопшти бугарското Министерство за одбрана, пренесува РТС.

„Сакаме превентивно да го зголемиме чувањето на границите кои ги обезбедува граничната полиција“, изјави претставник на министерството Николај Карајванов.

Вкупно 25 војници во неколку оклопни возила се веќе упатени на бугарско – македонските гранични премини, но нивниот број може да се зголеми ако тоа биде потребно, рече тој.