Бугарија ќе ги префрли мигрантите во затворени кампови

0
324
Bulgarian riot police are seen inside a refugee center during clashes in the town of Harmanli, Bulgaria, November 24, 2016. REUTERS/Tihmoir Petkov FOR EDITORIAL USE ONLY. NO RESALES. NO ARCHIVES.

Бегалците, кои во кампот за азил се судрија со полицијата, ќе бидат префрлени во затворени кампови, но за некои тоа може да значи враќање во Авганистан, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, најавувајќи го почетокот на екстрадиција следниот месец.

Повеќе од 400 азиланти се судрија вчера вечерта со полицијата во кампот за мигранти во јужниот град Харманалиј, на границата со Турција, а поради наводите дека се заразени, не можеле да излезат од кампот.

Полицијата употреби водени топови и гумени куршуми за да го потисне бунтот во кои беа повредени 24 полицајци. Медицинска помош побарале тројца мигранти.

http://novamakedonija.com.mk/

Без коментари

LEAVE A REPLY