Бугарија се мобилизира, Хрватска бара итна помош за Македонија

0
990

Бугарија се мобилизира по алармантната состојба со мигрантите. Државниот врв одлучи да превземе вонредни мерки и од вторник копнени армиски сили и граничната полиција, поддржани од хеликоптери, ќе отпочнат заеднички активности со цел подобро да се контролира граничната линија.

DSC05495

Властите во Софија се оптимисти дека бегалската криза нема да се насочи кон нивната земја.

„Имаме неколку причини за да веруваме дека масата мигранти нема да тргне кон Бугарија. Првата е затоа што тука нема слободен транзитен коридор како низ Македонија. Границите се чуваат многу строго, постојано се вршат проверки во самата земја и тоа што никој од тие групи не сака да остане во Бугарија. Транзитното минување низ нашата земја за нив е многу тешко. Исто така знаат дека доколку во Грција не побарале бегалски статут, тие не можат да влезат во Бугарија, а ретко кој тоа го прави и затоа ја одбегнуваат Бугарија“, изјави заменик министерот за внатрешни работи на Бугарија, Филип Гунев.

DSC05536

Мигрантската криза ја вжешти и телефонската линија на релација Скопје – Белград. Премиерот Никола Груевски во разговорот со неговиот српски колега Александар Вучиќ разговарал за начините за справување со напливот од илегални мигранти.

DSC05551

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ, пак побара Македонија да добие итна помош бидејќи е исправена пред огромна бегалска криза, додавајќи дека Хрватска ќе го стори тоа. Пусиќ вели дека ова прашање ќе го постави на дневен ред за време на средбата за Западен Балкан која во четврток се оддржува во Виена, како и на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург на 4 септември.

DSC05515

Поради изградбата на ограда на унгарско-српската граница и хаосот на македонската, постојат стравувања дека Хрватска може да стане нова главна рута на мигрантите.

„Како граѓани сме многу поподготвени, отколку општествените стратези. Се надевам дека имаат подготвена стратегија за нивен прием“, изјави Ренато Матиќ, социолог.

Се поголемиот број мигранти кои пристигаат во Германија синоќа беа причина за големи немири.. Полицијата се судри со поддржувачите на крајната десница, кои протестирале против отворањето на центар за бегалци во близина на Дрезден.

Од друга страна пак, најновите истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Австријци се повеќе бараат повторно воведување на гранични контроли.