Бугарите доаѓаат на забар и по бензин во Македонија

0
423

Бугарскиот весник „Стандарт“ пишува дека за мост, четири пломби и вадење заб во Бугарија се плаќа 1000 лева, а во Делчево сето ова чини 400 лева.

Растојанието од Благоевград до Делчево е 38 километри така што, како што наведува весникот, оваа стоматолошка екскурзија изгледа добро дури и да се пресмета горивото за возилата. Дури за стоматолошките услуги во Делчево се плаќа во бугарски левa.

Бугарите исто така одат во Македонија да набават и бензин поради различната цена на горивата од двете страни на границата. Така, според бугарската „Нова теелвизија“ литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева.