Бугарски хеликоптери ја надлетуваат границата со Македонија и Грција, Србија со предупредување до своите граѓани

0
1348

Хеликоптери на бугарската гранична полиција почнаа да ја надлетуваат бугарско-македонската и дел од бугарско-грчката граница за да ја следат ситуацијата со се поглемиот прилив на бегалци од Блискиот исток во Грција и во Македонија.Бугарската полиција соопшти дека во Бугарија во последните 24 часа задржала 20 лица на зелената граница и две на границата помеѓу Бугарија и Турција.

„На излезот на бугарско-српската граница задржани се 36 лица, а на граничниот премин Кардам на границата со Романија шест лица“, соопшти бугарската полиција.

Во соопштението се наведува дека не се забележани обиди за илегален премин на бугарско-македонската граница.

Бугарија на 21 август донесе одлука да распореди војска на границата со Македонија и Грција заради алармантната ситуација си мигрантите.

Министерството за надворешни работи на Србија денеска им препорача на српските државјани да не го користат граничниот железнички премин Гевгелија – Игомени, каде што моментално се наоѓаат неколку илјади бегалци од Блискиот Исток.

Српското МНР воедно ги предупредува оние кои патуваат во Македонија да бидат внимателни и да не примаат патници-автостопери во своите возила бидејќи, според македонскиот Кривичен законик, тоа се смета за криумчарење мигранти, за што е предвидена повеќегодишна затворска казна.

Без коментари

LEAVE A REPLY