Бугарските националисти ги блокираа автобусите со гласачи од Турција

0
840

Бугарските националисти во петок ги блокираа за автобуси трите гранични премина кон Турција, за да ги спречат бугарските Турци кои живеат во Турција да гласаат на парламентарните избори во недела.

„Ќе бидеме тука ден и ноќ, за да го одбраниме суверенитетот на нашата земја“, рече за АФП Валери Симеонов, еден од двајцата претседатели на националистичката коалиција Обединети патриоти, која, како што покажуваат анкетите, ќе игра клучна улога во составувањето на новата бугарска влада.

Педесетина демонстранти со транспаренти со пораки „Бугарија над сè!“ и „Не сакаме мешање на Турција“, го контролирала сообраќајот на главниот граничен премин Капетан Андреево.

„Околу 6.000-7.000 луѓе веќе стигнаа од Турција со бесплатните автобуси со инструкции да гласаат за една од двете партии на турското малцинство. Ќе го запреме тој изборен туризам“, рече Симеонов во телефонски разговор.

Заради неделните избори затегнати се бугарско-турските односи. Бугарските власти ја обвинуваат Анкара дека со пружањето на отворена поддршка на новата протурска партија ДОСТ во Бугарија, се вмешуваат во внатрешните работи на земјата.

Ердоган во четврток ја обвини Бугарија дека врши притисок врз бугарските етнички Турци кои живеат и работат во Турција и дека не ги почитува демократските начела.

Турското малцинство во Бугарија брои околу 700 илјади луѓе, во земјата со 7,4 милиони жители.

Најмалку 200 илјади припадници на ова малцинство живеат во Турција. Обично меѓу 60 до 90 илјади од нив гласаат на бугарските избори. /крај/хн/ст

http://makfax.com.mk