Булдожер пропадна на првиот ден од чистењето на Црна

0
276

Булдожер тежок 45 тони пропадна во калливо земјиште на  урнат  насип на Црна Река,  на првиот ден од почетокот на акцијата за чистење на речното корито.  Ова е еден од насипите кои се урнаа од надјодените води на Црна во фревруари и го поплави Пелгаониското поле.

Никогаш не може да се знае какво е земјиштето во долниот дел. Ќе се обидеме да го извадиме со влечење, ако не, ќе бараме дигалка од РЕК-Битола, изјави Сашо Дојчиновски,работник 

Планирано е чистење на 30 километри од коритото од вегатација, како и затворање на оштетените делови. Предвидени се 500 илјади евра од програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство,  исто така секоја општина од Пелагонија ќе учествува со 30 илјади евра и двете водостопански претпријатија, рече меѓу другото градоначалникот Котевски

За акцијата која  се спроведува  8 месеци после  големите поплави во Пелагонија и пред почетокот на есента, обезбедени се 300 тони нафта од државните резерви и бројна механизација.  Според планот, предвидено е да се санираат 14  урнати насипи на коритото вдолж течението на Црна Река  низ Пелагонија, а ќе се чисти и вегетацијата“, изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

Коритото на Црна Река не е исчистено 30 години. Поплавите во месец февруари беа причина за излевање. Под вода беа 17 илјади хектари земјоделско земјиште, а вкупните штети во земјоделието и домаќинствата се проценети на 7 милиони евра.