Бункер на Енвер Хоџа стана музеј

0
431

Поранешниот бункер на албанскиот комунистички диктатор, Енвер Хоџа стана музеј во спомен на илјадниците убиени за време на неговото управување.

„Овој музеј се посветува на илјадниците жртви на комунизмот, кои се застрелани или се убиени без пресуда во работните логори во земјата”- рече албанскиот премиер Еди Рама, на отворањето на музејот.

Бетонската конструкција опфаќа над 1000 метри, а ѕидовите се високи 2.4 метри. Бункерот е изграден во периодот меѓу 1981 и 1986 година за заштита на членовите на специјалната полиција, како и на повисокото раководство на Министерството за внатрешни работи во случај на нуклеарна војна или напад.

Денес музејот е исполнет со илјадници слики на жртвите на политичката репресија. Во него се наоѓа и дел од техничката опрема што се користела од државната безбедност за прогон на над 100 000 Албанци во периодот од 1945 до 1991 година. При владеењето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа во Албанија беа изградени над 700 000 слични бункери, кои и денес можат да се видат речиси насекаде во земјата. Албанија живееше во страв дека САД ќе ги нападнат секој момент.

Без коментари

LEAVE A REPLY