Бунтовнички групи ја обвинуваат сириската Влада за кршење на примирјето

0
408

Командантот на сириската бунтовничка група под назив Фурсан ал-Хак рече денеска дека сириската Влада престанала со воздушни напади во некои делови на Сирија, но продолжила да бомбардира други области, што тој го опиша како кршење на договорот за прекин на непријателствата.

Командантот Фарес Бајуш, чија група Фурсан ал-Хак се бори во сојузништво со опозициската Слободна сириска армија, рече дека натамошни кршења на прекинот на огнот може да доведе да пропадне договорот.
Уште една сириска бунтовничка група наречена Џаиш ал-Ислам, изнесе денеска порано тврдења дека сириските владини сили фрлиле две импровизирани бомби и отвориле оган врз нејзини положби во неколку инциденти кои го прекршиле прекинот на огнот во Источна Гута во близина на Дамаск.
Сириски воени претставници засега не се достапни за коментар, наведуваат британски медиуми.
Прекинот на огнот стапи на полноќ во сила во Сирија како што е договорено врз основа на американско-рускиот план за кој завојуваните страни се обврзаа дека ќе го почитуваат.