Бунтовниците во Алепо употребија хемиско оружје

0
527

Бунтовниците во северниот сириски град Алепо, кои владата ги нарекува терористи а ја имаат поддршката на Западот, истрелале во вторникот гранати исполнети со отровни материи во гранатирањето на историскиот дел на градот под контрола на владините сили, при што загинале пет цивили, изјавиле за агенцијата РИА од локалните милиции кои се сојузници на силите на претседателот Башар ал-Асад.

„Терористите употребија муниција која содржи супстанции кои предизвикуваат задушување и нарушување на нервниот систем. Се задушија пет луѓе“, прецизирал неименуваниот соговорник на агенцијата.

Според сириската провладина милиција, гранатите експлодирале во квартовите Баб ал-Фараџ и Бустан Кел Аб. И претходно бунтовниците во борбите во Алепо користеа гранати со гас за задушување, при нападите врз курдските населби.

Од 17-ти јули во населбите кои беа под контрола на различните бунтовнички групи во Алепо, опколени се околу 250.000 жители кои немаат основни животни продукти. Поради тоа, сириската влада по иницијатива на нејзината сојузничка Русија откако беше отворен коридорот преку кој од обрачот можат да се извлечат цивилите и бунтовничките кои сакаат да го предадат оружјето, започна и хуманитарен конвој во чии намери изразија сомневање западните сојузници на сириската сунитска вооружена опозиција предводени од САД.

Финансиската престолнина на Сирија, која пред почетокот на војната во март 2011 година имаше 2,2 милиони жители, од 2012 година е поделена. Владините сили и ним сојузничките милиции контролираат малку помалку од две третини од Алепо, главно западните квартови, и последните месеци направија пробив кон источните кварт откако ги заземаа главните правци за снабдување на бунтовниците.

Повторното заземање на источните делови од Алепо за силите на владата во Дамаск ќе претставува голема победа и може да претставува крај на бунтовничката превласт во целата истоимена покраина која и онака беше ослабена со јакнењето на џихадистичките групи. Аналитичарите уште пред две години предвидуваат дека воспоставувањето на целосна контрола над Алепо ќе значи пресвртница во сириската војна во полза на владините сили./крај/мф/сн