Cе соблекол гол пред малолетничка

0
546

Според информациите на МВР, вчера околу 22.20 часот во полициската станица во Свети Николе, Е.Б. (29) пријавила дека истиот ден во периодот од 17:30 до 18 часот на ул.„Јане Сандански“, додека нејзината петнаесетгодишна роднина од Куманово која била кај неа на гости, возела велосипед, пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцовите и ѝ го покажувало половиот орган.

Девојчето веднаш избегало. Со него во просториите на полициската станица и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи е извршен разговор, по што е извршено и препознавање на лицето.

Се работи за К.Т. (28) од Свети Николе. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.