Чачиќ задоволи, Левов ќе потпише идната недела

0
358

Искусниот 39 годишен ракометар од Б и Х, Младен Чачиќ потпиша договор на една сезона со битолски Пелистер, откако задоволи на дводневната проба. Тој доаѓа од словачки Спорта Хлоховец, каде минатата сезона одиграл неколку месеци пред да замине од клубот. Доколку пристигне навреме сертификатот тој своето деби може да го има веќе в сабота кога Пелистер му гостува на Прилеп во Пелагониското дерби. Ова доведување не го изсклучува и потпишувањето со Милан левов, кој од наредната недела би требало да потпише со пелистерци.

Без коментари

LEAVE A REPLY