Чакаровски во посета на битолската болница

0
4363

Денес во прва официјална работна посета на Клиничката болница во Битола, заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Оствари средба со новиот директор на болницата д-р Зоран Лазаров. Целта на посетата беше увид на состојбата во клиничката болница

-Имаме планови битолчани во иднина да не одат да се оперираат во Скопје, него стручни тимови од Клиниката во Скопје во одредени области во кои што имаме кусок на доктори, да идат тука и да ги оперираат пациентите. Во план е масовно опременување на болницата со нова апаратура, но рак рана на битолската болница се кадрите. Немаме доволно број на стручен кадар, како на доктори, медицински сестри итн, изјави д-р Гоце Чакаровски, заменик министер за здрвство.

Чакаровски денеска и со одговор на прашањата на приватните здравствени установи, околу здравствените услуги, за кои тие имаат склучено договор за работа со Фондот за здравство а не со министерството за здравство.

-Во вторник јас, министерот за здравство и директорот на Фондот на таа тема ќе разговараме. Мислам дека ќе најдеме решение . Да не се плашат граѓаните дека ќе се вратат сините картони. Слободно можат да одат на лекар граѓаните со здравствените книшки. Директорот на фондот настапи пред два дена. Наредната недела на писмено ќе ги информира сите здравствени установи кои имаат договор за работа со фондот, вели Чакаровски

Одделот за зрачна терапија во Битола досега не проработи, иако уште во 2013 година беше ставен камен темелникот. Чакаровски вели дека акцелераторот е тука, но добавувачот имал забелешки врз изведувачот.

-Одговорните во проектната единица во Скопје ги викнав. Акцелераторот е тука а добавувачот има некои забелешки врз изведувачот. Додека не се отстранат тие забелешки тој не сака да почне да го монтира. Јас ги имам тие забелешки и ќе ги разговараме со директорите, со техничката служба, а се надевам дека утре или другиден ќе разговараме со изведувачот. Ќе го видам тој простор таму, никогаш не сум го видел, да видам за што се работи. Се надевам дека во догледно време ќе ги отстраниме пречките и ќе почнеме со монтирање на акцелераторот, рече Чакарвски

Заменик министерот за здравство најави дека ќе ги подобрат хигиенските услови во болницата, а од наредната година ќе почнат да ја реализираат програмата на СДСМ.

Без коментари