Чалгија Саунд систем во Бар чаршија

0
421

Во рамките на музичката програма на 36-тото издание на ИФФК.Браќа Манаки, етно групата Чалгија саунд систем, настапи во Бар чаршија.
Група која ја заживеа подзаборавената чалгиска музика во Македонија.
Постои од 2008 година, а произлезе од проектот „Калдрма“ во кој учествуваа дел од неговите сегашни членови.
Формирањето на групата, потекна од идејата не само да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, туку и да создаваат свои авторски композиции во тој дух.
Во нашата фолклорна ризница постојат огромен број на песни. Некои актуелни, некои подзаборавени а некои оставени на милост и немилост на забот на времето со страв дека никогаш повеќе нема да бидат отскриени. Затоа, целта на Чалгија саунд систем беше некои од нив да ги вратат назад во живот, некои повторно да ги откријат, а некои да ги препеат на начин на кој тие го замислиле.

На нивните настапи никогаш не прават компромис во однос на нивниот репертоар -свират исклучиво чалгиски песни и ора.
Сонот на Цепенко е театарска претстава каде што Чалгија саунд систем се има погрижено за музичкиот дел, а исто така, името на Чалгија саунд систем се наоѓа и како автор на музиката на документарниот филм на Марија Џиџева „Барајќи си ја среќата“ .