Час по безбедност во сообраќајот во Кирил и Мeтодиј

0
1536

Отсекот за превенција и полициските станици од СВР- Битола , традиционално , на почетокот на секоја учебна година , реализираат низа активности кои се однесуваат на безбедноста на учениците и децата.

Активностите се состојат од: средби со локална самоуправа во врска со сообраќајната сигнализација , остваарување контакти со училиштата во врска со евентуални безбедносни проблеми, поставување на сообраќајни патроли на сообраќајници во близина на училиштата и едукативни предавања од областа на сообраќајот за најмладите. Оваа година едукативните предавања се реализираат со употреба на мобилниот сообраќаен полигон.

Денеска, полицијата, реализираше едукативно предавање за најмалите ученици од ОУ „Кирил и Методиј “ Битола , на тема безбедност во сообраќајот. Вакви едукативни предавања во текот на месец септември и октомври се реализираат и ќе се реализираат во сите основни училишта на територијата на СВР Битола. Најмладите ученици – првоодделенците се запознаваат практично и теоретски со основните сообраќајни правила .

Без коментари

LEAVE A REPLY