Часови по танц за возрасни и напредни на музичкиот театар од Битола

0
715

Moving Music Theatre од Битола, го претставува својот прв копродукциски проект. Станува збор за Часови за танц за возрасни и напредни односно оригинален наслов:
Satovi plesa za odrasle i napredne.
Проектот ќе биде премиерно изведен на 33-тиот фестивал Недела на современиот танц на 2-ри јуни, премиера во Загреб и следна изведба на 3-ти.

Се работи за балетски проект, работен по истоименото дело на чешкиот писател Бохумил Храбл, а во режија и кореографија на Сташа Зуровац.
Романот на Храбл го сочинува единствена содржина, а истиот е напишан на 100-тина страници во една реченица.
Претставата е замислена да се случува од аспект на 6 слушателки односно, во изведба на 6 танчерки кои ќе даваат интерпретативни одговори на ова дело, полно со примери на бескрајна духовитост и впечатливи погледи на секојдневниот живот.

-Храбл преку својот текст, кај мене создаде и отвори ново поле на восхитување на убавината и содржината на секој момент и некој вид на разбирање, така што ако ја погледнеме таа моќ на забележување од позиција на еден живот кој згаснува, се создава впечаток дека целиот живот, застанува за момент, или како што се кажува:- ни прелетува за миг пред очите- вели Зуровац за овој проект.

Во копродукција со Музичкиот театар( Moving Music Theatar), се танцовото студио Liberdance, Македонскиот народен театар од Скопје, Хрватскиот театар од Вараждин и Фестивалот Будва град Театар, како и фестивалот Недела на современиот танц, а во соработка со националната фондација за уметничка игра.
Музиката за проектот ја напиша Марјан Неќак, кој за Тера телевизија истакнува:
– Различноста на културите е она што отсекогаш ме интересираше и се покажа дека тој спој на различностите, донесува нешто ново и свежо, а во исто време длабоко и магично.

Костимограф во проектот е Бјанка Аџиќ Урсулов, сценограф Жорш Драушник.
Во проектот настапуваат Тамара Пјевиќ, Јована Миросављевиќ, Луција Кукор, Касија Врбанац, Ени Весовиќ, Дора Кокољ.
Да се потсетиме претставата Дневникот на лудиот, на која Неќак е режисер и композитор, на овогодинешното издание на Фестивалот на монодрама во Битола, ја освои наградата од публиката, а неколку денови пред тоа и 3 награди на Фестивалот во Риека, меѓу кои на Неќак му беше доделена и наградата Вељко Маричиќ, за најдобра сценска музика.
Тандемот Неќак- Зуровац, на љубителите на театарската уметност, им е познат по бројни заеднички проекти меѓу кои:
Претставата Полжав, балетот за ХНК.Загреб -Модробрадиот и многу други.