Часови во природа за изучување на ликовната уметност

0
593

Пред неколку месеци во Битола започна со работа ликовното ателје Солак, во кое децата имаат можност да се запознаваат со тајните на ликовната уметност, со тајните на ликовните техники низ кои ги водат уметнциите Љубица Мешкова солак и Димитар Солаковски .

Едно неодамнешно научно истражување говори за фактот дека децата подобро пишуваат и зборуваат доколку имаат повеќе часови ликовно образование. На тој начин се развива креативноста, концентрацијата, идеите, самостојноста.

Поаѓајки од таму ова ателје се повеќе е посетувано од децата кои се поделени во неколку групи.

Во текот на реализирање на својата програма ателје Солак нуди посета на ликовни изложби, посета на национални установи, кои се занимаваат со презентација и заштита на културното наследство, верски храмови, археолошки локалитети и слично.

Во самата програма се вметнати и реализирани часови за пејсаж и урбан пејсаж, изведба на мозаик, мурали, моделирање на фигура и портрет во глина, стрип и илустрација.

Едни од часовите викендов беа реализирани во природа.

Во ателје Солак се изучуваат подготвителни и креативни програми за деца до 7 до 15 години, подготовки за приемни испити за средно уметничко, факултети за ликовна уметност и архитектура и слично.

Тука се изучуваат сликарските, графичките техники, вајарство, а освен тоа учениците се запознаваат со теоријата на ликовната уметност, историјата и филозофијата на уметноста, како и можноста за отворени дискусии со ликовни автори.

На крајот од секоја сезона ателје Солак ќе организира и изложба со делата на своите ученици.

Без коментари

LEAVE A REPLY