Чавков: ЕУ нема решение за бегалците

0
201

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков во Гевгелија изјави дека за сега нема никакво решение ниту се наѕира некакво решение на проблемот со бегалците. Според него тоа е светски проблем, не е македонски, ниту грчки и затоа треба меѓународна реакција. Чавков кажа дека Македонија засега нема конкретна помош од Европската Унија.На еден километар од грчката граница Македонија ќе гради камп за бегалците кои доаѓаат од Грција. На терен се полицијата и војската и екипи на Црвен крст и на УНХЦР. Се подготвува и импровизиран перон на железничката станица во Геевгелија.

Министерот за внатрешни работи Митко Чаков денеска изјави дека намерата не е да се затвори границата, туку да се обезбеди соодветен трансфер на бегалците согласно капацитетите за згрижување.

„Сите знаете дека ЕУ нема конзистетно решение за справување со оваа хуманитарна катастрофа, нашите напори се ублажување на тоа, но нашите капацитети се ограничени и затоа е прогласен кризен регион. Се обидовме на почетокот да обезбедиме соодветен третман, првично прифаќање на ранливите категории, но очигледно не наидовме на кооперативност од мигрантите. Јас ги разбирам, поминале многу до тука и на тој начин се создаде гужва и тоа беше причината да ја нападнат полицијата со камења“, рече Чавков.

Според него оправдана е и загриженоста на месното население затоа што еден број мигранти неконтролирано беа пропуштени од грчка територија во Република Македонија.

„Наша интенција не е херметички да ја затвориме границата, туку да обезбедиме соодветен трансфер на мигрантите согласно капацитетите за згрижување. Основно и суштинско во ефектите од овие активности ќе биде комуникација со грчките власти, вчера имавме една средба, денеска ќе имаме уште една средба, потребна е координација на регионално и европско ниво“, рече Чавков.