Чавков и Курц во посета на Гевгелија

0
207

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска во Гевгелија ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц. Како што соопшти МВР, двајцата министри на средбата ќе ја увидат моменталната ситуација према границата.

Министерот за надворешни работи на Австија, Себастијан Курц, бара подобра заштита на надворешната граница на Европската унија (ЕУ), како и поголем надзор над западнобалканската транзитна рута, пренесуваат австриските медиуми.

Во интервју за виенскиот весник Österreich, Курц изнел пет конкретни предлози за совладување на азилантската криза и борбата против криумчарењето луѓе. Шефот на австриската дипломатија се заложува за меѓународно делување против терористичката организација Исламска држава, при што смета дека Австрија би требало да учествува во снабдувањето со опрема.

Според Австриецот, бегалците би требало да добијат заштита некаде поблиску до своите татковини.

„Мораме да направиме повеќе на лице место и да воспоставиме прифатни центри за бегалците кои бегаат од теророт“, порачал Курц, нагласувајќи дека неопходно е бегалците своите барања за азил да ги достават во тие прифатни центри.

„Моментално немаме одржлив режим. Мажите се борат со криумчарењето низ Европа, а послабите – жените, децата и ранетите – остануваат“, укажал Курц. Австрискиот министер исто така се заложил и за распределба на бегалците во ЕУ.

„Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна уште една презеде чекори за подобра распределба, нешто што целосно го поддржувам“, рекол Курц, додавајќи дека својот предлог и го упатил на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини пред одржувањето на конференцијата за Западен Балкан, која на 27-ми август ќе биде одржана во Виена.

„Потребна е надворешнополитичка иницијатива на ЕУ за борба против предизвиците, пред се против тероризмот на Исламска држава. ЕУ мора да покаже поголема активност и темпо во ова“, заклучил австрискиот министер за надворешни работи./крај/мф/бс