Чавков и Спасов нови министри

0
642
Митко Чавков е новиот министер за внатрешни работи, додека Диме Спасов е министер за труд и социјална политика. Опозицијата ги поздрави со  свирежи  пред старо-новите министри да дадат заклетва,
Спикерот Трајко Вељановски ги повика да не извикуваат. Потао пратениците на опозицијата  ја напуштија седницата на Собранието.
Претседателот на Владата Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ.
Во дописот до Собранието, Димитриев побарал изборот на новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика да биде извршено на денешната 101 седница.
Спасовски и Ташевска Ременски, како и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ поднесоа оставки на 6 април оваа година.
Пратениците дополнително треба да гласаат и за измените на изборниот законок со кој ќе се поништат изборите на 5 јуни.