Чавков поднесе тужба поради смената на началниците

0
694

Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков во четвртокот ја информираше јавноста дека поднел тужба до Управниот суд со која бара да се стопираат одлуките на министерот Оливер Спасовски  за смена на началниците во полицијата.

Според Чавков, Спасовски флагрантно ги прекршил законите за внатрешни работи и полиција кои се применуваат за вакви случаи,а покрај тоа во крајно незаконска и нетранспарентна постапка именувал нови началници.

„Бараме од судот да донесе решение за привремена мерка со која се запираат прераспоредувањето на лицата, како и пресуда со која се поништуваат решенијата на техничкиот министер. Незаконските распоредувања и разрешувања предизвикуваат опасност за уредно, целосно и безбедно извршување на законските надлежности на Министерството поради тоа што се разрешени началници и на нивни места се поставени други лица надвор од класификацијата регулирана со Закон“, рече Чавков.

Заменик министерот нагласи дека ваквата постапка е сторена во услови на зголемени безбедносни ризици поради мигрантите, зголемената френкфенција за празниците и перманентната безбедносна закана од терористички напади. /крај/мф/ап/

Без коментари

LEAVE A REPLY