Чавков за невестата со пушка вработена во СВР Битола

0
4052

На новинарското прашање дали внатрешната контрола при МВР има покренато истрага во врска со објавената фотографија на вработена во МВР на приватна веселба – свадба, на која е сликана како пука од автоматско оружје, Чавков информира дека утврдени се факти кои посочуваат дека се работи за оружје кое не е службено и истакна дека има сериозни индикации не само за повреда на прописи поврзани со Законот за внатрешни работи, туку ќе се истражува и евентуална кривична одговорност.