Чавушоглу го откажа учеството на собирот на ОБСЕ во Скопје

0
260

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска требаше да учествува на свеченото отворање на пленарната седница на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Скопје, но го откажал учеството заради други обврски.

Според неофицијалните информации, Чавушоглу присуството го откажал во последен момент, синоќа, со објаснување дека мора да замине на пат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Инаку, Есенската сесија на парламентарното собрание на ОБСЕ, почнува со Медитеранскиот форум и обраќање на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски.

На отворањето, според најавите ќе се обратат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и потпретседателката Рената Дескоска, која е и шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На есенската сесија на ОБСЕ во Скопје ќе учествуваат околу 200 членови на парламентот од 50 државикои ќе расправаат и за миграцијата, за ситуацијата во Турција, за кризата во Украина, за предизвиците со кои се соочува Југоисточна Европа, како и за специфични прашања поврзани со медитеранскиот регион.