Чеченец од Австрија го организирал нападот во Истанбул

0
259

Чеченец, кој во Австрија има статус на азилант, е можен организатор на терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“, во Истанбул. Австриските медиуми наведуваат дека се работи за Ахмед Чатајев кој во 2003 година дошол во Австрија каде што добил азил.

Девет години подоцна Чатајев заминал во Сирија, а како што пишува виенскиот весник Пресе, тој е осомничен дека стои зад терористичките напади во Истанбул, во кој во вторникот загинаа 42 лица, а речиси 250 беа повредени.

„Турските власти веќе остварија контакт со нас“, потврдил портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Карл-Хајнц Грундбек.

Чатајев, татко на четири деца и е познат на австриската полиција која во својата база на податоци го води како „странски борец“, односно лице кое се приклучило на екстремистите во борбите во Сирија.

Инаку, повеќе од половината „странски борци“, кои во Сирија заминале од Австрија, по потекло се од Чеченија.

Пресе наведува дека Чатајев последен пат бил виден во граничниот појас помеѓу Сирија и Турција.

Неговото име и претходно се споменуваше во турските медиуми, односно се шпекулираше дека тој е организатор на терористичкиот напад во Анкара, во октомври минатата година.

Турските медиуми пишуваат дека терористичката група која ја предводел Чатајев во Турција влегла на 25.мај и дека нејзините припадници изнајмиле станови каде го подготвувале нападот.

Чатајев кон крајот на 90-те години од минатиот веќе се борел во Чеченија против руските безбедносни сили, во 2000-та бил ранет и заробен. Потоа успеал да побегне и да добие азил во Австрија. крај/мф/нц