Чех удрил со запален автомобил во полициска станица во Австралија

0
199

Шеесет и едногодишен чешки државјанин вчера удрил со запален автомобил во автоматските врати на полициска станица во местото Мерилендс, западно од австралискиот град Сиднеј, објавија денеска чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, австралиските власти, ја исклучиле можноста дека се работи за тероризам.

Според нив, станува збор за маж кој страда од психички проблеми, а кој денеска требало да присуствува на судење заради семеен спор во врска со негување на неговата 90-годишна мајка.

Полицијата соопшти дека нема повредени, а сторителот се здобил со сериозни изгореници и се наоѓа во болница.

Полициската станица во Мерилендс е под заселена безбедност поради неодамнешното сомневање дека е планиран напад од 15-годишниот ученик Фархад Јабар, кој уби еден вработен во полицијата.