Червар ги остави на трибините Пешевски, Митревски и Арнаудовски

0
545

Македонскиот селектор Лино Червар ги откри имињата на 16-те играчи кои ќе му се спротивстават на Тунис, во првиот меч кој Македонија ќе го одигра на 25-то Светско првенство.

Изненадување или не, Червар реши еден од тројцата кои ќе останат на трибините да биде голманот Никола Митревски. Изоставувањето на Митревски значи дека голот на Македонија ќе го бранат дебитантите на големите натпреварувања Кирил Колев и Благојче Трајковски.

Покрај Митревски, на трибините ќе бидат уште и Ристо Арнаудовски, односно Жарко Пешевски.

Дуелот Македонија-Тунис, во рамките на Б групата ќе се одигра во Мец со почеток во 17:45 часот.

ФОТО: www.gol.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY