Червар го објави поширокиот список за Мундијалот во Франција

0
744

На денешната прес-конференција која се одржа во просториите на РФМ, селекторот на македонската сениорска машка репрезентација, Лино Червар, ги објави имињата на 28 ракометари кои ги повика на подготовки пред настапот на Светското Првенство во Франција.

Кирил Колев, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Жарко Пешевски, Велко Марковски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски, Влатко Митков, Мартин Манасков, Филип Миркуловски, Ласко Андоновски, Мартин Поповски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Бојан Маџовски, Јовица Младеновски.

Директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески, го презентираше планот за подготвителниот период. Во првата фаза од подготовките, нашата репрезентација ќе тренира во Маврово во периодот од 20 до 30 декември 2016. На 2 јануари 2017 година, тренинзите продолжуваат во Скопје, а во периодот до заминувањето за Франција ќе се одиграат и три пријателски средби против селекцијата на Босна и Херцеговина, од кои една ќе биде од отворен карактер на 3 јануари.

Светското Првенство во Франција почнува на 11 јануари, а Македонија својот прв натпревар од групата го игра против Тунис на 12 јануари во градот Мец. Во рамки на групната фаза, нашата репрезентација ќе се сретне уште со селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Без коментари

LEAVE A REPLY