Чешка ќе испрати уште 40 полицајци на македонско-грчката граница

0
309

Заради поефикасно справување со мигрантската криза Чешка ќе испрати уште 40 полицајци на зелената граница меѓу Македонија и Грција, пренесува МИА.

Според заменик директорот на чешката полиција Петр Петрик, ова е третпат да се испраќаат полицајци, а последниот контингент беше испратен пред месец и половина.

„Притисокот на нелегалниот премин на границата е намален, но тоа не значи дека се уште не постои кризата“, изјавил македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчески, додавајќи дека потребно е границата внимателно да се надгледува.

„Помошта од Чешка, со испраќањето на полициски контингенти беше во екот на најкритичната фаза на бегалската криза и од наша страна сме задоволни од соработката со чешката полиција“, порачал Стојчески./крај/мф/бс