Чешка ќе праќа полицајци во Македонија за справување со бегалците

0
404

Контингент полицајци се очекува да пристигнат во Македонија како помош од Чешка за полесно совладување на бегалската криза, јавувува чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки. За одлуката подетално ќе се разговара идната недела во Прага каде ќе се сретнат и претставници на земјите на Вишеградската група (В4), во која покрај Чешка влегуваат и Словачка, Полска и Унгарија.

Ако се одобри оваа помош, тоа ќе значи дека Македонија ќе биде третата земја на која Чешка ѝ помага со свои војници, покрај Унгарија и Словенија.