Чешка со +6 во среда доаѓа во Скопје на реванш бараж мечот

0
594

Чешка ја порази Македонија 28-22 (14-10) во првиот бараж натпревар за пласман на Светското ракометно првенство, кое во јануари наредната година ќе се игра во Франција.

Ракометарите во Злин одиграа далеку под своето ниво, одбраната беше премногу порозна, нападот неорганизиран, во кој единствено Кирил Лазаров постојано се закануваше.

Чесите, од друга страна, од почетокот ја играа својата игра, максимално ги користеа слабостите на противникот, а одличниот голман Галија мечот го заврши со 16 интервенции.