Чест и привилегија е ако влезат Google и Facebook во Македонија

0
608

-Доколку се реализира најавата на премиерот Зоран Заев дека google и facebook ќе дојдат во Македонија тоа навистина ќе значи многу пред се за младите информатичари кои ќе имаат директна можност да ги усовршуваат своите знаења во овие компании. Ќе имаат можност не само младите инженери него и тие што планираат да бидат информатичари да преку академиите на google и facebook да научат многу повеќе за новите технологии. Google и Facebook на поле на информатички технологии носат многу иновации, многу новини и е чест и привилегија за македонските млади инженери информатичари, да на лице место тука во Македонија директно да ги стекнат и да ги применат во пракса, а не да патуваат надвор од нашата држава. И финансиски претставки ќе има многу за Македонија, изјави Предраг Стојковски, директор на Nova Solutions-Битола.

 

Без коментари